More

    На 23-годишен Македонец му се заканува затворска казна до 5 години

    spot_img

    Државното правобранителство на округот Вараждин донесе решение за истрага на 23-годишен млад човек од Северна Македонија кој пред неколку ноќи во центарот на Вараждин се обидел да убие едно лице и тешко да повреди четири лица, пишува Индекс.хр.

    Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избол со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.

    „Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди“, стои во обвинението.

    На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност од повтроување на казнените дела, опасност од бегство и опасносн од недопуштено влијание врз сведоците во истрагата.

    На македонскиот државјанин ќе му се суди за две казнени дела, а може да добие казна затвор од пет години. Тој, во моментот, се наоѓа во истражниот затвор, пренесуваат хрватските медиуми.

    Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе убодни рани и расекотини и им нанел телесни повреди“, се вели во обвинението.

    На младиот човек му е одредена мерка притвор поради опасност од повторување, опасност од бегство и опасност од несоодветно влијание врз сведоци во истрагата.

    На Македонецот ќе му се суди за две кривични дела и може да добие затворска казна до пет години. Младиот човек моментално се наоѓа во истражен затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img