More

    На 18 јуни ќе биде организиран голем протест пред Владата на Република Македонија

    spot_img

    Од ВМРО-ДПМНЕ вчера известија дека на 18 јуни ќе биде организиран голем протест пред Владата на Република Македонија. Сепак, како што ни најавија од редовите на оваа партија, во ВМРО-ДПМНЕ се размислува и на други чекори.

    – Најавениот протест ќе се оддржи на 18ти јуни пред Владата на РМ и тој ќе биде еден од начините на искажување на незадоволството од актуелната влада и нејзиното водење на државата. Во меѓувреме не ја исклучуваме опцијата и за други мерки и чекори кои ќе значат постигнување на целта за која се бориме – велат за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.
    Инаку, во меѓувреме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со активната блокада на Собранието, што значи дека ќе ги блокираат сите закони, за кои тие веруваат дека се штетни за државата. Од опозициската партија повторуваат дека единствен логичен излез од кризата е распишување на предвремени избори.

    – На изборите треба да се гледа како решение за излез од кризата во која нè доведе оваа влада бидејќи со ниту еден чекор не може да навести дека ќе се случи нешто подобро за граѓаните. Инфлацијата е галопирачка, се најавува ново покачување на цената на струјата, патот кон ЕУ е целосно блокиран и во таква ситуација на национална катастрофа и живот на рати, молчењето не е опција. Затоа е и најавениот протест. Не е нормално премиерот на владата да одбива дијалог со опозицијата како и помош во клучните ресори – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img