More

    На што се должи вчерашната крипто-катастрофа?

    spot_img

    Ноќта од 13 према 14-ти јуни неделава беше наречена „крипто-ноќ“ или „криптонајт“, слично на рудата која може да го убие Супермен. Вака најбогатиот човек во светот, Илон Маск, се пошегува со фактот дека најголемата криптовалута се врати пет години во историјата во својата вредност. Падна под 22.000 долари, што веќе е за цела петтина помалку од цената од минатиот петок.

    Првото правило е, не пишувајте за Биткоин. Неговата игра на берзата е толку хаотична од почетокот на војната во Украина, што е тешко сфатлива. Но, дали светската инфлација и кризата се вистинската причина зад крахот на дигиталните пари?

    Така е со сите криптовалути. Биктоинот порасна три пати, односно за неверојатни 300 отсто во 2020 година, кога почна корона-пандемијата, но сега не можеме да го кажеме истото. Што точно направи оваа валута, кој до неодамна се сметаше за најсигурно складиште на вредност во светот, поради блокчејн-алгоритмот кој не може да биде пробиен, сега да биде оставена на цедило?

    Инфлацијата, но и монетарната политика на Федералната резерва (ФЕД), институцијата која раководи со сите останати банки во САД влијааат врз тоа, пишува Форбс, цитирајќи го Ричард Смит, автор на Билтенот за ритуали на ризик.

    – Причината што овој конкретен пад се случува оваа година е затоа што пазарните наративи се префрлија од ризик-надвор кон само ризик. Ликвидноста пресушува бидејќи ФЕД и другите централни банки почнуваат да го намалуваат вишокот на стимулации – смета тој.

    фото: твитер/принтскрин

    ФЕД-от нејќе да печати долари, сака да покачува камати

    Со други зборови, ФЕД во моментов е внимателен со печатењето нови долари во оптег, затоа што со тоа дополнително би ја зголемил инфлацијата, која е двоцифрена. Сѐ започна со еден загрижувачки извештај за индексот на цените на потрошувачката во САД минатиот петок, а самиот извештај донесе нов бран инфлација.

    Федералната резерва вчера и денес одржува специјален состанок на кој ќе се зборува за можноста да се зголемат каматите во САД. Но, негативната спирала веќе започна. Уште за време на викендот една од најпопларните платформи за позајмување крипто наречена Целзиус (CEL) реши да паузира со позајмиците. Речиси 1,7 милиони корисни на платформата се оставени да чекаат.

    „Вашата сметка на Целзиус не е банкарска сметка, депозитна сметка, штедна сметка, тековна сметка или кој било друг вид на сметка на средства и не треба да се карактеризира како банкарски производ или услуга“, вели Целзиус во своите услови за користење.

    Ако отиде во банкрот, берзата ги задржува средствата?

    И сега, берзата Coinbase штотуку објави дека отпушта 18 отсто од својата работна сила, обвинувајќи ја, делумно, „крипто зимата“. Дури, компанијата изјави дека доколку отиде во банкрот, ќе ги замрзне сите средства на своите корисници, нешто што беше дочекано како преседан и го предизвика гневот на многу трговци.

    Исплашените инвеститори почнаа да продаваат уште повеќе биткоини. Binance, најголемата платформа за тргување со криптовалути, ги паузираше сите повлекувања на Биткоин на неколку часа. Се вели дека ова се должи на „заглавена трансакција“, иако, не сите веруваа во таа приказна.

    Биткоинот ќе паѓа и до 14.000 долари

    Биткоинот постојано паѓа во последните три месеци. Со оваа брзина, годинава Биткоинот може да падне на 14.000 долари. А, лани во ноември го имаше пикот од 68.000 долари, односно во 2021 година имаше неверојатен скок од 70 отсто. За валутата да преживее, во најмала рака не смее да биде распродадена. Другиот услов е луѓето да купуваат биткоин, без разлика што тој ја губи вредноста.

    Но, на искусните трговци со биткоин не им се непознати ваквите „црни лебеди“ на пазарот. На пример, биткоино падна за повеќе од 80 отсто во периодот 2017-2018 година. Но, тоа беше пред големите корпорации, како Fidelity и PayPal, да инвестираат милијарди за да влезат во крипто играта, што беше дел од причината зошто тој минативе години толку брзо се искачуваше на берзата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img