More

    На Фејсбук ѝ праќал пораки со експлицитна содржина

    spot_img

    Основното јавно обвинителство од Струмица спроведе истражна постапка против 40-годишен наставник кој е осомничен дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Според ОЈО, осомничениот направил прекршок од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

    „Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img