More

    На ТикТок се појави објава на ученик кој во писмена работа употребил стих од песната на Констракта на српски јазик, а наставничката му подарила единица

    spot_img

    Контроверзната српска претставничка на овогодишната Евровизија, таканеречената Констракта, постигна голема популарност, а нејзината песна „In Corpore Sano“ стана хит низ целиот регион. На социјалната мрежа ТикТок се појави објава на ученик кој во писмена работа употребил стих од песната на Констракта на српски јазик, а наставничката му подарила единица, пишува Б92.

     

     

    Имено, тој пишувал на тема „Уметноста е мост што ги поврзува времињата и народите“ и напишал дека „уметникот(уметницата) мора да е здрав“, како што оди рефренот на песната, по што добил единица.

    Пејачката Констракта денеска се огласи на официјалниот Тик Ток канал на Евровизија и апелираше до сите фанови да внимаваат на текстот на нејзината песна.

    – Здраво, јас се викам Констракта и ќе ја претставувам Србија на овогодинешната Евровизија. Сфатив дека остануваат уште само 50 дена до натпреварот, па затоа ви предлагам да го прочитате текстот на песната In Corpore Sano, така се вика мојата песна, и  да го „закопате длабоко“, па во Торино да можеме заедно да одговориме на некои прашања во врска со него – рече Констракта на видео, додека ги миеше рацете во бањата, исто како на настапот кој привлече големо внимание во јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img