More

    На терен гаснат пожарникари од повеќе градови

    spot_img

    Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, вели за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот. 

    -Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово – изјави Ангелов.

    Тој информира и дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

    Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски претходно информираше дека со помош на хеликоптерот спречено е ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел.

    Надлежните велат дека има индиции и овој пожар да е подметнат. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img