More

    На Скопје му требаат нови еколошки автобуси, потребен е кредит за набавка на истите

    spot_img

    Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во пресрет на денешната седница на Советот на Град Скопје ги повика советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат точката за купување на нови еколошки автобуси.

    – На денешната седница на Советот е предложена точка до советниците за набавка на нови еколошки автобуси, поради тоа упатувам апел до советниците од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на програмата за „Модерно Скопје“ која ја поддржаа на локалните избори и ги повикувам да не се обидуваат да ја повлечат од седницата – порача Арсовска.

    Според неа, оваа точка е многу потребна со цел да се подобри јавниот превоз во градот бидејќи  Град Скопје распиша два јавни повици за приватни превозници на кои не се пријави никој, по што мораше ЈСП Скопје да продолжи да ги опслужува некои линии.

    Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека на седницата на Советот треба да се утврди заем од 10 милиони евра за 50 еколошки автобуси.

    Одговарајќи на новинарско прашање Арсовска рече дека не чуствува одговорност за тоа што одреден број на приватни превозници кои имаат еколошки автобуси не се пријавиле на двата јавни повици, бидејќи не ја искористиле можноста да учествуваат во повикот, при што уште еднаш потенцираше дека Градот на приватните превозници не им должни ништо од тоа што тие го побаруваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img