More

    На протестите во Шри Ланка, на улиците, се бара оставка од претседателот

    spot_img

    Продолжија антивладините протести во Коломбо, главниот град на Шри Ланка, со барања за оставка од претседателот Готабај Рајапакса, во време кога земјата се наоѓа во најголемата економска криза досега.

    Бизнисите се затворени, јавниот превоз е во застој, наставниците и другите државни службеници, како и банкарите, организираа протести и се приклучија на главното собирно место на демонстрантите во последните недели, пред кабинетот на претседателот.

    Лекарите и медицинските сестри рекоа дека ќе го поддржат штрајкот со демонстрации „за време на паузата за ручек“.

    Демонстрантите ја обвинија владата за лошо управување со економијата и создавање монетарна криза што доведе до недостиг на основни потреби како гориво, гас, млеко во прав и лекови.

    Владините претставници ја обвинуваат војната во Украина и пандемијата на корона вирусот за должничката криза и велат дека разговарале за плановите за решавање на кризата и за отплата на заемот со Меѓународниот монетарен фонд, како и со кинеските власти.

    Раџапакса го реконструираше својот кабинет и понуди влада на национално единство во обид да ги задуши протестите, но опозициските партии ја одбија поканата да бидат дел од владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img