More

    На пејачот Џастин Бибер половина лице му е парализирано

    spot_img

    Планетарно популарниот пејач Џастин Бибер мораше поради здравствени проблеми да откаже некои концерти оваа недела, но и во неделите што следуваат, а сега откри за што станува збор.

    Канадскиот пејач им се обрати на своите следбеници по пат на социјалната мрежа Инстаграм со емотивно видео и ја откри причината поради која е принуден да ги откаже концертите. Пејачот се бори со сериозен вирус поради кој десната страна од лицето му е парализирана.

    Бибер им откри на фановите дека му е дијагностициран Ремзи-Хант синдром. Вели дека вирусот зафатил некој нерв во увото, а тоа предизвикало парализа на половина од неговото лице.

    Како што се гледа на видеото, Џастин не може да трепка со едното око, а се смее само со една страна од устата.

    Бибер им се извинил на фановите што е принуден да ги откаже концертите и објаснил дека „целата работа е прилично сериозна“ и дека ќе мора да се повлече на одредено време за да поработи на своето здравје. Открил и дека правел вежби за лицето и дека со вежбите сè ќе се врати во нормала – само не е познато колку неговото закрепнување ќе трае.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img