More

    На мајката на неговите деца не ѝ оставил ништо, на Рајли, 16 милијарди

    spot_img

    Илон Маск можеби ќе слета на Марс, но никако да остане оженет. Во неговиот љубовен живот досега се појавуваат четири жени, за сега, најбогатиот човек на светот и нов газда на Твитер да најде нова петта сопатничка, убавата 27-годишна глумица Наташа Басет.

    Но, да одиме од почеток. Маск најдолго беше со писателката Жастин Вилсон, која му е љубов од младоста. Се венчале во 2020 година, но нивниот син набрзо почина. Потоа тие пробаа со вештачко оплодување и Жастин за пет години му даде пет деца на Маск, прво близнаци, а потоа тројка, пишува Мондо.

     

     

    Петте деца ќе ја наследат вилата во Лос Анџелес која Маск ѝ ја остави на Жастин по разводот во 2008 година – и толку! Ништо повеќе од една вила не ѝ остави Маск на поранешната жена. Потоа се дозна дека Жастин во тоа време била малку упатена во предбрачниот договор. Секоја држава има разни брачни закони, а најчестиот е дека се дели само наследството кое е стекнато откако двојката се венчала.

    Само две години подоцна, милијардерот повторно се ожени со британската актерка Талула Рајли, но и овде брачната идила траеше кратко, само две години. За волја на вистината, во 2013 година тие пак си ја пробаа среќата, па повторно се венчаа, за во 2016 година повторно да се разведат. За разлика од Жастин, Рајли доби 16 милијарди долари по разводот, со кои ќе може да ужива до крајот на животот.

     

     

    Тој беше вљубен и во поранешната сопруга на Џони Деп, убавата Амбер Хард, која е во центарот на вниманието на јавноста поради судењето на холивудската ѕвезда, но венчавката не се одржа. Во врската не издржаа ниту една година, а се шпекулираше дека не можеле да се посветат еден на друг поради обврски и дека останале во добри односи.

    Можеби најголемата љубов на Маск, сепак, беше пејачката Грајмс. Таа сајбер-девојка позната по своето облекување на крајот го остави велејќи дека ќе основа „лезбијска комуна во вселената“. Тие сепак остануваат пријатели и редовно комуницираат.

    Се зборува дека веднаш откако раскинал со Грајмс, Маск почнал да се забавува со убавата 27-годишна австралиска актерка Наташа Басет. Наташа изјавила дека ја освоил „неговиот мозок, а не неговата банкарска сметка“. Но, луѓето имаат поделено мислење околу ова.

     

     

    Наташа игра во филмот кој за Елвис Присли кој треба наскоро да излезе. Таа ја глуми неговата девојка Дикси. Наташа се занимава со глума од својата 14-та година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img