More

    На денешната владина седница владата го прифати предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка

    spot_img

    На денешната владина седница владата го прифати предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

    – Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, Техно Алпин којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени. Оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и раст на ски-центарот Попова Шапка кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неоходна за развој на областа, со квантитативни и квалитативно подобрување на туристичко сместувачката дејност, со вклучување на нови капацитети за прилагодување на туристичката понуда на актуелните барања на туристичкиот пазар и проширување на истата – наведе министерот Нуредини.

    Тој информираше дека станува збор за амбициозен проект чија вкупна вредност изнесува 186 милиони евра и кој вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постајната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.

    – Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи од целиот свет, да ѝ носат приход на државата, а за граѓаните да отвараат нови работни места и нови економски можности – рече министерот Нуредини.

    Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се реализира во 6 инвестициски фази од кои првата изнесува приближно 55 милиона евра, информира министерот за заштита на животната средина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img