More

    На Боб Дилан нема да му се суди за силување малолетничка

    spot_img

    Жената која го тужеше американскиот пејач Боб Дилан тврдејќи дека сексуално ја нападнал пред речиси 60 години, ја повлече тужбата, според адвокатот на познатиот музичар.

    – Случајот е затворен. Среќни сме што тужителот се откажа од „симулацијата на правда“… Скандалозно беше што воопшто имаше таков случај – изјави денеска адвокатот Орин Снајдер.

    Пред овонеделното сослушување во њујоршкиот Суд, адвокатот на Дилан рече дека има мејлови кои покажуваат „недоследности“ во тужбата и додаде дека жената отстранила докази кои би ја дискредитирале. Жената чиј идентитет јавно е претставен со иницијалите Ј.Ц., поднела тужба во август минатата година, тврдејќи дека Дилан сексуално ја злоставувал во период од шест недели меѓу април и мај 1965 година.

    Се тврдеше и дека пејачот, наводно, „го злоупотребил својот статус на музичар“ за да ѝ обезбеди алкохол и дрога на тужителката. Таа тогаш имала 12 години.

    Добитникот на Нобеловата награда за литература за 2016 година, Боб Дилан (81), се смета и за еден од најголемите музичари и кантавтори на 20. век.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img