More

    На агендата се двајцата предлози за уставни судии и за нов министер за локална самоуправа

    spot_img

    По паузата, Собранието попладнево ја продолжи расправата за дневниот ред за 88. пленарна седница, која требаше да започне вчера. За пратениците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица спорна е втората точка од дневниот ред, односно предлозите за избор на уставни судии. Тие бараа таа точка да биде тргната од дневниот ред, јавува 360степени.

    Владејачкото мнозинство не го поддржа нивниот предлог, но и покрај тоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжија со повторување на тоа барање. Освен тоа, бараа тргање или ставање на други точки од дневниот ред за да се оддолжи седницата.
    – Една точка е со девет кандидати и поединечно се гласа за кандидатите – рече, претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски обвини дека ставањето само на два изгласани предлози за уставни судии од деветмина кандидати е преседан и е во спротивност со Деловникот. Меѓу другото, посочи дека одговорност за оваа постапка ќе сноси и претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која го потпишала барањето.

    Предложениот дневен ред за оваа 88. седница е со набиена агенда, а меѓу точките за кои треба да расправаат пратениците се и предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер да станат уставни судии, а тука се и предлог-законските измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img