More

    „Најтажната принцеза на светот“ ги убедува сите дека е среќна, но…

    spot_img

    Најтажната принцеза ги уверува сите дека е среќна, но нејзината последна објава на Инстаграм, сепак, кажува поинаку?

    Принцезата Шарлин од Монако уште еднаш ги загрижи своите верни следбеници и обожаватели на социјалните мрежи, откако на својот инстаграм-профил објави интересен дигитален портрет.

    Станува збор за дело на Junaid Sénéchal-Senekal, кое е создадено за продажба за хуманитарни цели на фондацијата на принцезата, која се занимава со подобрување на животот на децата во нејзината родна Јужна Африка.

    Но, некои од коментарите на нејзините следбеници покажуваат колку се загрижени за неа и колку уметничкото дело всушност ги растажило, додека други се восхитуваат на нејзината убавина.

    „Изгледаш како да се наоѓаш зад решетки“, „Да беше малку посреќна“, „Се надевам дека ќе го најдеш својот внатрешен мир“, „Убава си“, „Вистинска убавица“, „Импресивна“, „Убава уметност“ , „Убава Шарлин“, „Бог да те благослови“, ѝ рекоа.

    Принцезата Шарлин неодамна за првпат јавно проговори за нејзината здравствена состојба откако помина четири месеци на лекување во Швајцарија. Од семејството беше одвоена вкупно една година, бидејќи пред тоа во Јужноафриканската Република престојуваше осум месеци.

    „Моето здравје е сè уште кревко и не сакам да брзам со ништо. Патот до закрепнување беше долг, тежок и многу болен“, изјави Шарлин за Монако-Матин.

    „Кога се вратив дома, целата енергија ја пренасочив кон моите деца, мојот сопруг и моето здравје, бидејќи тоа се моите приоритети“, додаде таа и ги демантираше гласините за можниот развод од принцот Алберт и преселбата во Швајцарија.

    „Многу сум среќна што се вратив во Монако со семејството“, изјави принцезата која се појави со својата ќерка на доделувањето на модните награди во Монте Карло, а на Инстаграм објави фотографија од подготовките.

    Шарлин и принцот Алберт се венчаа во 2011 година и заедно ги имаат седумгодишните близнаци Жак и Габриела. Гласините за брачните проблеми ги следеа уште од самиот почеток, бидејќи познато е дека Шарлин се омажи во солзи, откако наводно дознала за вонбрачното дете на Алберт и поради тоа го доби прекарот „најтажната принцеза на светот“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img