More

    Најскапиот личен тренер во САД, засега само во добротворни цели

    spot_img

    Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД откако вчера тренираше два тима, што платија по 150.000 долари за вежбање со надгледување. Сѐ тоа беше во добротворни цели.

    Шварценегер, имено, „призна“ дека сега почесто ќе наплаќа 150.000 долари по тренинг во неговата омилена вежбалница во Калифорнија. Споменатите суми се дел од собраните средства за добротворната програма „Афтер-скул ол-старс” (After-School All-Stars), што глумецот ја основа пред 30 години за помош на децата на училишна возраст ширум земјата.

    Во донирањето, пак, луѓето даруваа 5,2 милиони долари. Покрај тренинзите, Арнолд на наддавање во рамки на акцијата продаваше и облека, уметнички дела и возење во своето воено возило.

    Гостите платија по 50.000 долари за присуство на настанот, а меѓу нив беа Дени де Вито, Силвестер Сталоне, Долф Лундгрен, заедно со актерската екипа од новата серија на Арнолд на Нетфликс, „ФУБАР”. Неодамна, Арнолд и програмата помогнаа еден училиштен проект во Увалде, Тексас, САД, на барање на градот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img