More

    НАЈМНОГУ ОНЛАЈН КУПУВАЊА ОД СТРАНСТВО КОН ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ ИЗВРШЕНИ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОД САД И ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

    spot_img

    Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Мкаедонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година.
    Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, наспроти 297.742 онлајн трансакции со вкупна вредност од 10,9 милиони евра во 2020 година, што претставува раст од 58,4% во бројот и 50,5% во вредноста на трансакциите.
    Од вкупниот износ во вредност од 16,4 милиони евра кои странците во текот на 2021 година го потрошиле онлајн за купување во С.Македонија, повеќе од половината, односно 53% од вредноста на трансакциите се реализирале од страна на ТОП 10 земјите со најголема потрошена вредност онлајн во С.Македонија.
    Станува збор за следниве земји:

    Од ТОП 10 земјите по вредност на онлајн трансакции кои платиле со странски платежни картички во С. Македонија, соседни земји со најголем промет се Бугарија со потрошени 534 илјади евра и Косово со потрошени 302 илјади евра.
    Од аспект на бројот на онлајн трансакции, направени со странски платежни картички во Македонија, 44,4% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Најголем број на трансакции со странски платежни картички (60.949 трансакции) се реализирани со картички кои се издадени во САД, а потоа следи Обединетото Кралство со реализирани 40.704 онлајн трансакции. Дел од ова веројатно се должи на странски картичките од брендови како “Payoneer” и “Revolut” од САД, односно Обединето Кралство кои воедно се користат од лица од земјава, особено лица од ИТ секторот кои работат “freelance” за странски компании и претставништва и по тој основ остваруваат приходи кои им се исплаќаат на странски картички, кои може да ги користат за трансакции кон дома.

    Останатите земји од каде што има најголем број на онлајн трансакции доминантни се оние земји каде има голем број на иселеници, како Швајцарија, Германија и Шведска кои ги користат своите платежни картички за да купуваат онлајн од е-продавници од С.Македонија. Од соседните земји, Бугарија и Србија се дел од ТОП 10 земји кои пазаруваат онлаjн во С. Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img