More

    Најмалку 28 загинаа, а 150 се повредени во Пакистан

    spot_img

    Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар. Експлозијата се случи кога џамијата беше преполна со верници. Дел од зградата е уништен, а властите велат дека луѓето се затрупани под урнатините, пишува Би-Би-Си.

    Причината за експлозијата е нејасна, но официјален претставник рече дека целта била полицијата, а повеќето од загинатите биле дел од полициските сили. Официјални лица за безбедност соопштија дека бомбашот кој седел во првиот ред на џамијата се разнел. Ниту една терористичка група засега не зеде одговорност дека го извршила нападот.

    Постирајќи го видеото на Твитер еден твитерџија напишал „Кармата никогаш не заборава што им направивте на Индусите во име на исламскиот Џихад“.

     

    Мухамед Ијаз Кан, полициски службеник во главниот град на Пешавар, изјави за локалните медиуми дека меѓу 300 и 400 полициски службеници биле присутни во областа во моментот на експлозијата.

    Премиерот Шехбаз Шариф остро го осуди тоа. Во изјавата, г-дин Шариф рече дека оние кои стојат зад инцидентот „немаат никаква врска со исламот“.

    Тој додаде:

    – Целата нација стои обединета против заканата од тероризмот.

    Експлозијата се случила за време на попладневните молитви во северозападниот град, околу 13:30 часот по локално време, во близина на границата на земјата со Авганистан.

    Видео кое кружи на социјалните мрежи и потврдено од Би-Би-Си покажува дека половина од ѕидот паднал внатре во џамијата. Целиот објект сега е покриен со срушените тули и остатоци додека луѓето се качуваат по урнатините за да избегаат.

    – Во тек е спасувачка операција во џамијата и „се извлекуваат повеќе тела – рече заменик-комесарот на градот Пешавар, Шафиула Кан.

    Минатиот март градот Пешавар беше цел на уште еден бомбашки напад, во кој загинаа десетици во шиитска џамија.

    Во главниот град на Пакистан, Исламабад, полицијата издаде безбедносна тревога и соопшти дека безбедноста на сите влезни и излезни точки во градот е зголемена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img