More

    Најмалку 24.000 војници излегуваат од Украина

    spot_img

    Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернихов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си.

    – Руските сили, во близина на Киев и Чернигов се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија – изјави претставникот на Пентагон.

    Подоцна и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин“ не успеал да постигне ниту една од своите стратешки цели во Украина. „Тој ја презеде контролата само врз малите градови…Руската војска не го зазеде Харков“.

    Изјавата на Кирби доаѓа неколку дена откако Русија објави дека ќе ги фокусира своите напори на источниот украински регион Донбас. Висок функционер на Пентагон, кој побарал да остане неименуван, рече дека руските војници би можеле да се вратат во Киев во иднина, пренесува Би-Би-Си.

    Според тинк-тенк Институт за проучување на војната, руските трупи кои се повлекуваат од околината на Киев веројатно нема да се вратат наскоро. Од 130 руски баталјони испратени во Украина, повеќе од 80 остануваат во земјата, рече официјалниот претставник на Пентагон. Најмалку 24.000 руски војници се повлекоа од Украина.

    Информациите за евентуалните убиени цивили при повлекувањето уште се скудни и засега непотврдени. Според весникот „Утринска правда“, кој цитираше објава на Телеграм од поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел. Како што пренесе ДПА, загинатите се цивили убиени од руски војници.

    Хостомел, кој се наоѓа северозападно од главниот град Киев со аеродром во близина, беше цел на интензивни напади од почетокот на војната. Повеќето од 16.000 жители побегнале. Пред неколку дена, украинските војници ја вратија контролата врз Хостомел, како и врз соседните градови Буча и Ирпин.

    Началникот на локалната воена администрација завчера рече дека околу 400 жители на Хостомел се исчезнати и оти властите планираат да започнат со проверка на подрумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img