More

    Најмалку 135 ерменски војници загинаа во судирите со Азербејџан

    spot_img

    Најмалку 135 ерменски војници загинаа оваа недела во најтешките гранични судири со Азербејџан од војната во 2020 година, според новиот биланс објавен од ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

    „Во овој момент бројот на загинати е 135. За жал, ова не е конечната бројка“, рече Пашинјан на владиниот состанок.

    Бројот на жртви од двете страни е повеќе од 200.

    Нови судири меѓу ерменските и азербејџанските сили избувнаа минатата недела во Нагорно-Карабах, формално територијата на Азербејџан, од која голем дел е под контрола на етнички Ерменци, поддржани од владата во Ереван.

    Ерменија склучи мировен договор со Азербејџан во ноември 2020 година со посредство на Русија, по поразот на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно Карабах, во која загинаа повеќе од 6.500 луѓе.

    Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img