More

    Најмалку седум загинати во поплавите во централна Италија

    spot_img

    Обилни дождови и поплави го погодија централниот италијански регион Марке доцна во четвртокот, при што загинаа најмалку седум лица, а тројца се водат како исчезнати, објавија италијанските медиуми во петокот.

    Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. Околу 400 милиметри дожд паднаа за два до три часа, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

    На снимката објавена од локалните пожарникари се гледа како некои од спасувачите се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија на сплавови за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да го надминат подвозникот.

    Според властите, спасувачите сè уште трагаат по преживеани.

    Во меѓувреме, лидерот на италијанската Демократска партија (ПД) на Твитер објави дека ќе ја прекине кампањата во регионот, пред националните избори на 25 септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img