More

    Најмалку пет кинески проектили паднале во јапонски води!

    spot_img

    Јапонија тврди дека најмалку пет балистички ракети истрелани денеска од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека тоа е „првпат кинеска воена балистичка ракета да слета во нивните води“.

    – Ова е сериозно прашање што се однесува на националната безбедност на нашата земја и народ – рече Киши.

    Кјодо њуз објави дека Токио упати протестна нота до Пекинг поради инцидентот.

    Незадоволна поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, кинеската војска истрела проектили околу самоуправниот остров.

    Кинескиот „Глобал тајмс“ објави дека ракетните сили на Народноослободителната армија (ПЛА) лансирале „повеќе видови конвенционални ракети во неколку специфични морски региони источно од Тајван, прецизно погодувајќи ги целите“.

    – Со лансирањето на проектилите тестирана е прецизноста на нападот и способноста за одвраќање на ракетните сили во оваа област – изјави портпаролот на ПЛА, додавајќи дека релевантната контрола на морето и воздушниот простор во близина на источниот брег на Тајван била укината откако проектилите прецизно ги погодиле целите.

    Министерството за одбрана на Тајван потврди дека кинеската војска лансирала „неколку балистички ракети во водите околу североисточниот и југозападниот Тајван“ околу 13:56 часот по локално време.

    Националната армија на Тајван веднаш ја сфати динамиката на лансирањето, ги активираше релевантните одбранбени системи и ја зајакна борбената готовност“, соопшти Министерството за одбрана на Тајван.

    Кина денеска започна големи воени вежби околу Тајван, кој Пекинг го смета за отцепена провинција, а вежбите ќе продолжат до недела.

    Воениот одговор доаѓа откако Пелоси во вторникот престојуваше во ненајавена посета на Тајван, што го налути Пекинг, кој смета дека тоа е повреда на кинескиот територијален интегритет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img