More

    Највисока инфлација во ОК од 1982 година

    spot_img

    Инфлацијата во Велика Британија во мај изнесува 9,1 отсто на годишно ниво, што е еднакво на претходниот рекорд поставен во март 1982 година, објави Националната статистичка канцеларија.

    Во соопштението се наведува дека најголемо влијание врз растот на инфлацијата имало зголемувањето на цените на лебот, житариците и месото, а значително се зголемени и трошоците за домување, поради што сите синдикати бараат зголемување на платите, пренесува Би-би-си.

    Сепак, владата смета дека не треба да има големо зголемување на платите поради страв од повторување на инфлациската спирала од 1970-тите, кога цените продолжија да растат со зголемувањето на платите.

    Банката на Англија потврди дека инфлацијата во мај е иста како во март 1982 година и предупреди дека рекордот сега ќе биде надминат, бидејќи се очекува до крајот на годината да достигне 11 отсто.

    Домаќинствата се соочуваат со невиден пораст на трошоците за енергија, кои во април беа за 700 фунти повисоки од година во година. Покрај тоа, просечното семејство сега троши многу повеќе на бензин, бидејќи се потребни повеќе од 100 фунти за да се наполни резервоарот.

    Поради драстичното зголемување на трошоците за живот, во вторник штрајкуваа вработените во железницата, кои не го прифаќаат понуденото зголемување на платите од три отсто и бараат седум отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img