More

    Најбогатиот човек на светот се откажува од понудата за 44 милијарди долари да го купи Твитер

    spot_img

    Најбогатиот човек на светот се откажува од понудата за 44 милијарди долари да го купи Твитер, една од најголемите социјални мрежи. Но, ако го раскине договорот тој ќе треба да плати 1 милијарда долари во пенали. Од друга страна, управниот одбор на Твитер ќе покрене правна битка за договорот да биде спроведен и Маск да ја купи компанијата.

    „Управниот одбор на Твитер е посветен на продажбата по цената и условите кои се договорени со господинот Маск“, напиша директорот на платформата, Брет Тејлор, што отвора можност за долга правна битка меѓу двете страни.

    Илон Маск и неговиот тим во последните месеци неколку пати изјавија дека сакаат да имаат увид во бројот на лажни профили кои ги има на Твитер и да проверат дали нивниот број изнесува над 5 отсто, бројка која на Маск му е битна за да одреди дали е воопшто профитабилно да го купи и одново да го разработи Твитер по негов терк.

    Акциите на Твитер паднаа за седум отсто по веста дека Маск се повлекува од купувањето на компанијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img