More

    Нашите ракометари во Букурешт ја бранат предност од 8 гола

    spot_img

    Македонската машка ракометна репрезентација попладнево од 17 часот во Букурешт го игра реванш полуфиналниот мундијалски бараж против Романија, оптимистички расположена дека ќе успее да ја зачува предноста од осум голови разлика од првиот натпревар.

    Македонските ракометари во средата пред околу 5.000 гледачи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја совладаа романската репрезентација со 30-22 и направија голем исчекор кон настап во финалниот бараж против Чешка за место на Светското првенство во 2023 година.

    Иако задоволен од предноста со која „црвено – жолтите“ допатуваа во Букурешт, капитенот и селектор Кирил Лазаров истакна пред денешниот реванш дека неговите соиграчи мора да бидат максимално фокусирани, бидејќи ги очекува полна сала и мотивиран противник.

    – Треба да бидеме претпазливи пред реваншот, познавајќи го (романскиот селектор Чави) Пасквал, тој нема да се предаде и сигурно не очекува тежок натпревар во Букурешт, посочи Лазаров.

    На реванш пресметката од бараж средбата за пласман на Светското првенство во Букурешт нема да патува младиот Марко Митев, а на негово место ќе влезе десното крило, Ненад Костески.

    Во ростерот на Романија исто така ќе има промена. За разлика од првиот меч, сега на терен ќе биде Шпанецот со романски пасош, Хаивер Хумет, десен бек од Динамо Букурешт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img