More

    Нашата работна сила замина во неповрат

    spot_img

    Намалувањето на бројот на работници во индустријата, кое според последните статистички податоци годинава до октомври изнесувало 1,3 отсто, сè уште е резултат само на актуелниот извоз на работна сила, но веќе се наѕираат и првите ефекти од енергетската криза во која дел од компаниите мораа да делат откази, велат експерти.

    Според нив, тоа го покажуваат и податоците на Агенцијата за вработување според кои, 19 месеци имало намалување на бројот на невработени, а последниот месец веќе се забележува пораст на невработеноста.

    – Ова намалување на невработеноста регистрирано 19 месеци со ред, меѓутоа не значеше и пораст на вработеност, туку беше резултат на извоз на стручна работна сила. Сега веќе гледаме дека невработеноста почнува да се зголемува. Во октомври е зголемена за повеќе од 1.400 невработени, што укажува дека ги имаме првите показатели за губење на работните места поради енергетската криза. Да потсетам, дел од компаниите не ги отпуштија работниците, туку ги испратија на принудни одмори, а тоа не се евидентира од страна на Статистика, но може да значи, ако продолжи кризата, да бидат отпуштени од работа. Коморите веќе најавија дека поради кризата е можно да се отпуштат од 30 до 50 отсто работници – вели д-р Здравко Савевски.

    Тој очекува во наредниот период да се зголеми бројот на невработени во сите струки што ќе покаже колку од работниците настрадале поради енергетската криза во која дел од компаниите го намалија производството, а некои од нив го прекинаа.

    Сепак, додава тој и натаму главен проблем на компаниите ќе биде да обезбедат стручен кадар бидејќи и ќе остане проблемот на извоз на работна сила.

    – Сето ова е поради состојбата во која ниту државата, ниту бизнисмените не ги стимулираат работниците да останат. Платите се дел од тие стимули, но потребно е и повеќе од тоа. Сведоци сме дека сѐ помал е бројот на работници кои сакаат да работат за ниски плати. Но не заминуваат сите поради ниските плати. Тука се и условите за живот, партизацијата и низа други причини кои ги тераат главно младите работници да ја напуштат земјата – вели Савевски.

    Според него, погодностите што ги нудат земјите во кои најчесто се иселуваат работниците ќе придонесат за натамошен одлив на кадарот во странство.

    – Споредено со иселувањето од Косово, Албанија и од Босна и Херцеговина, во земјава е со послаб интензитет, но тој број може да се зголеми и да имаме дополнителен проблем со недостиг на работна сила. Она што го најавува Германија дека дополнително ќе го стимулира вработувањето на странци, а тоа го прават и другите земји за да обезбедат работници за своите индустрии ќе влијае и на зголемување на одливот на стручниот кадар од земјава – вели Савевски.

    Зоран Кочовски од Агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ вели дека излез од кризата со недостиг на работници може да биде преку увоз на работна сила. Тоа беше идеја и на дел од бизнисмените кои ја обелоденија уште лани.

    – Во земјава треба веќе да се размислува за организиран и системски планиран постојан увоз на работници, а не времени вработувања како што тоа го направија одделни градежници. Државата треба законски да го поткрепи тој увоз со што ќе им се овозможи на тие работници да добијат постојано работно место и услови за работа и сместување кои ќе овозможат подоцна тие да не размислуваат за одење во други земји – вели Кочовски.

    Тој вели дека моментално заминувањето на работа во странство се реализира индивидуално преку познајници од странство за да се одбегнат процедурите, а најчесто одат неквалификувани работници.

    Просечно годишно во странство заминуваат меѓу 3.000 и 10.000 работници. А преку сезонско вработување во странство годишно одат до 10.000 работници.

    – Овие бројки се големи и можат да се споредат со губење на една поголема фирма, затоа треба да се размислува за поголема контрола на одливот на кадар – вели Кочовски.

    Денеска и од Стопанската комора алармираа дека компаниите имаат проблем со стручниот кадар бидејќи незапирливо се иселува.

    – Иселувањето и флуктуацијата се дополнителни фактори кои го усложнуваат проблемот на недостиг на стручен кадар. Од тие причини потребно е да се најдат начини како кадарот кој го имаме на располагање, да се доквалификува и оспособи за работа на домашниот пазар – вели претседателот на Советот за развој на тренинг и обуки, Виктор Влашки.

    Оттаму најавуваат низа активности за преквалификација на невработените во струки кои се потребни на бизнисите.

    – Имаме неусогласеност помеѓу потребите за кадар од страна на компаниите и нивните квалификации. Тоа е она што ние во нашите анкетни истражувања досега сме го идентификувале и врз основа на тоа сме утврдиле дека постојат дефицитарни занимања на кои интензивно ќе работиме овој период преку преквалификација и доквалификација за да можат тие успешно да се вклучат во процесот на работа и наместо своето подобро утре да го бараат во странство, тоа да им биде овозможено овде. Нашите компании врз основа на нашите анкети се задоволни од нашите работници и токму тоа е причината да веруваме дека и овде може да има добар опстанок за сите – рече Елена Милевска Штрбевска од Стопанската комора.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, забележа раст од 0,3 отсто, но споредбата на периодот јануари-октомври покажува пад на бројот на работниците во индустријата од 1,3 отсто. Најголемо намалување има во секторот „рударство и вадење на камен“ каде што едногодишната споредба (октомври 2021 – октомрври 2022 година) има намалување за 3,8 отсто. Во овој сектор во периодот од август до септември дел од рудниците го запреа производството, а работниците, како што беше соопштено, беа на принуден одмор.

    Пад на бројот на работници има скоро во сите сектори од прехранбениот сектор, како и во текстилниот и во кожарскиот сектор, кај производителите на мебел, како и производството на машини и опрема

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img