More

    Научниците создадоа синтетички ембрион, потенцијален третман за неплодност

    spot_img

    Научниците создадоа ембриони од глувци во лабораторија, а тоа еден ден би можело да се користи кај луѓето за да им помогне на семејствата кои се надеваат да имаат потомство, покажува новото истражување.

    По 10 години истражување, научниците создадоа синтетички ембрион на глушец, без семената течност или јајца, кој почна да формира органи, се вели во студијата објавена во списанието Nature. Се што беше потребно беа матични клетки.

    Матичните клетки се неспецијализирани клетки со кои може да се манипулира за да станат зрели клетки со посебни функции.

    „Нашиот модел на ембрион од глушец не само што развива мозок, туку и срце што чука, сите компоненти што го сочинуваат телото“, рече водечкиот автор на студијата Магдалена Зерника-Гетс, професор по развој на цицачи и биологија на матични клетки на Универзитетот во Кембриџ во Велика Британија, пренесува Си-Ен-Ен.

    Таа истакна дека е неверојатно што стигнале до тука, додавајќи дека тоа бил нивниот сон и главен фокус на нивната работа цела деценија.

    „Работата е возбудлив напредок и се однесува на предизвикот со кој се соочуваат научниците кога проучуваат ембриони од цицачи во утробата“, рече Маријан Бронер, професор по биологија на Калифорнискиот технолошки институт во Пасадена, која не беше вклучена во студијата.

    Таа додаде дека таквите ембриони се развиваат надвор од мајката и затоа лесно може да се визуелизираат низ критичните развојни фази до кои претходно беше тешко достапно.

    Со гледање на ембриони во лабораторија наместо во утроба, научниците добија подобар увид во процесот за да научат зошто некои бремености може да не успеат и како да го спречат тоа, додаде Зерника-Гетс.

    „Досега, истражувачите можеа да го следат развојот на синтетички ембриони од глувци околу осум дена, но процесот се подобрува и тие веќе учат многу“, вели авторот на студијата Џанлука Амадеи, истражувач од Универзитетот во Кембриџ.

    Истражувањето не е кај луѓе и „треба да има висок степен на подобрување за ова да биде навистина корисно“, рече Беноа Бруно, директор и постар истражувач во Институтот за кардиоваскуларни болести Гладстон, кој не беше вклучен во студијата.

    Идна употреба
    „Процесот може да се искористи веднаш за тестирање на нови лекови“, рече Зерника-Гетс.

    Таа додаде дека долгорочно, како што научниците се движат од синтетички ембриони на глувци кон модел на човечки ембрион, тоа може да помогне во изградбата на синтетички органи за луѓето на кои им треба трансплантација.

    „Го гледам ова дело како прв пример за ваков вид на работа“, вели авторот на студијата Дејвид Гловер, професор по биологија и биолошко инженерство на Калтек.

    Пред да се премине на човечки синтетички ембриони, неопходно е да се обрне внимание на етичките и правните прашања, додаде Зерника-Гетс.

    И со оглед на разликите во сложеноста помеѓу ембрионот од глувче и човечки, може да поминат децении пред истражувачите да можат да направат сличен процес за човечки модели, рече Бронер.

    Во меѓувреме, информациите добиени од моделите на глувци може да помогнат во „поправка на оштетените ткива и органи“, заклучува Зерника-Гетс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img