More

    Научниците испитуваат моќна комбинација на антивирусни лекови за лекување на ковид 19

    spot_img

    Научниците испитуваат моќна комбинација на антивирусни лекови за лекување на ковид 19. Комбинацијата се состои од:  „брекниар“ со „ремдесивир“ или „молнупиравир“ и е одобрана од американската Администрација за храна и лекови за итни случаи.

    Оваа комбинација го инхибира вирусот САРС-КоВ-2 кај човечките респираторни клетки и глувците, покажува новата студија спроведена од истражувачи од Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија и Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд.

    Наодите, објавени во списанието Nature,покажуваат дека овие лекови се помоќни кога се користат во комбинација отколку сами.

    – Иако сè уште не се тестирани во клинички испитувања, комбинациите на лекови идентификувани во нивната студија имаат потенцијал да станат многу ветувачки третмани за ковид 19 –  рече лидерката на истражувањето  д-р Сара Чери, професор по патологија и лабораториска медицина.

    Според неа, идентификувањето на комбинации на антивирусни лекови е навистина важно, не само затоа што може да ја зголеми јачината на лековите за коронавирус, туку комбинирањето лекови, исто така, го намалува ризикот од отпорност.

    Идентификувани се  122 лекови кои покажаа антивирусна активност и селективност против коронавирусот, вклучително и 16 нуклеозидни аналози – најголемата категорија на антивирусни лекови што се користат клинички.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img