More

    Научник им одржа лекција на следбениците дека не е наука сè што така изгледа

    spot_img

    Интернет „врие“ од најнови научни „сознанија“, теории и откритија, бидејќи тоа очигледно привлекува многу внимание и „кликови“. Ако ве интересира науката, алгоритмите на социјалните мрежи ќе ве затрупаат со „конечно решени мистерии“ на египетските пирамиди, прастари ракописи, неверојатни палеонтолошки наоди, откритија на квантната механика… И сите имаат едно заедничко – се пласираат како сериозни научни сознанија, базирани на истражувања, експерименти, анализи..

    Но, дали се што личи на наука, навистина е тоа?

    Врвниот француски научник Етиен Клајн покажа дека и науката не треба да се зема здраво за готово, односно треба да се внимава. Особено, затоа што можностите за манипулација се огромни.

    Познатиот астрофизичар, кој на Твитер има повеќе од 100.000 следбеници, објавил фотографија од едно парче салама „кулен“ и под неа напишал дека станува збор за „вселенска телескопска фотографија“ на најбилиската ѕвезда до сонцето. Десетици илјади од неговите следбеници му поверувале без никакво сомневање, ја проследиле (ја „ретвитнале“) објавата и таа добила иладници „допаѓања“.

    На објавата Клајн напишал:

    Фотографија на Проксима Кентаури, најблиска ѕвезда до Сонцето, лоцирана на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од „Џејмс веб спејс телескоп“. Какво ниво на детали… Нов свет ни се отвора пред нас секој ден.“

    Сепак, подоцна научникот ја признал шегата.

    Со оглед на некои коментари се чувствувам принуден да појаснам дека овој кадар, на кој наводно е прикажана Проксима Кентаури, беше само една форма на забава. Да бидеме претпазливи кон аргументи кои доаѓаат од авторитети, како и од наводната научност и уверливот на некои илустрации“ – напиша Клајн.

    Веднаш потоа се извини за шегата.

    Сакам да им се извинам на тие на кои мојата измама, која воопшто не беше оригинална, им приреди шок. Само сакав да го свртам вниманието да не се верува лесно на сè што се објавува на интернет и претендира да биде научно засновано. Ова беше само една научна шега“ – појасни астрофизичарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img