More

    НАТО ѝ ветува ракети со голем дострел, САД бара побрзо да ѝ се исплатат парите

    spot_img

    Министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска и утре на состанокот во Брисел ќе разговараат за можностите за брзо обезбедување на Украина со опрема за противвоздушна одбрана. Тоа го соопшти генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот.

    Столтенберг прецизираше дека на Украина ѝ се потребни различни противвоздушни системи, вклучително оние со голем дострел, како и средства за уништување беспилотни летала.

    – Нашата порака до Украина е дека сме подготвени да пружиме долгорочна помош сѐ додека е потребна – рече тој.

    Според него, сојузниците ќе разговараат за прашањето за надополнување на залихите на оружје на земјите од Алијансата поради зголемените потреби. Министрите ќе разговараат и за прашањето за заштита на критичната инфраструктура по саботажата на гасоводот „Северен поток во Балтичкото Море.

    Столтенберг повторно истакна дека и покрај заканите на Русија за употреба на нуклеарно оружје, НАТО врши мониторинг и досега не се забележани никакви промени во распоредот на руските нуклеарни сили.

    Генералниот секретар го повтори повикот до Белорусија да не соработува со Русија во воените дејствија против Украина.

    Истовремено, американската министерка за финансии Џенет Јелен ги повика партнерите и сојузниците да ја забрзаат исплатата на ветената финансиска помош за Украина додека Русија продолжува со своите „варварски напади врз соседната земја. Јелен изрази сочувство до украинскиот министер за финансии Серхи Марченко и високите украински претставници за најновите руски напади насочени кон главниот град Киев и други градови, ветувајќи континуирана поддршка од Вашингтон.

    – Повторно светот ја виде вистинската природа на руската варварска и нелегална војна. Соединетите Држави продолжуваат одлучно да стојат со Украина и со украинскиот народ. Ќе продолжиме да ве поддржуваме во обновата на просперитетна и слободна Украина – им порача Јелен на Марченко и членовите на украинската делегација пред средбата.

    Таа потсети дека Вашингтон има намера наредните седмици да исплати 4,5 милијарди долари директна помош за Украина. Конгресот ги одобри тие средства пред две недели, со што вкупната директна американска буџетска поддршка за Украина достигна 13,5 милијарди долари.

    – Ние сме посветени да ги добиете овие средства што е можно поскоро, бидејќи знаеме колку е важно да го поддржиме вашиот храбар отпор на илегалната инвазија на Русија – рече таа.

    Јелен потсети дека Вашингтон им се придружи на главните кредитори на Украина во суспендирањето на плаќањата на билатералниот долг на Украина оваа и следната година.

    – Но, дозволете ми да бидам јасна: меѓународната поддршка за Украина е заеднички напор. Ги повикуваме нашите партнери и сојузници да ни се придружат во брзото отплаќање на нивните постоечки обврски кон Украина – рече Јелен.

    Украина соопшти дека ѝ се потребни до пет милијарди долари месечно долгорочен долг за да ги покрие буџетските трошоци што вклучуваат исплата на пензии и воени трошоци, како и за да продолжи со сервисирање на долговите кон домашни те банки.

    Повикот на Јелен ја одразува фрустрацијата на американските и украинските власти поради Европската Унија која вети помош од девет милијарди долари за Украина, од кои досега има исплатено само една милијарда.

    Јелен и другите финансиски претставници на државите од Групата „Г7″ ќе разговараат за потребите на Украина, на маргините на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка предвидени за денеска.

    Официјални претставници на ММФ и на Украина идната седмица ќе се состанат во Виена на технички разговори за буџетот на Украина, со цел да се постават темелите за идната сеопфатна програма за заеми.

    Германија, претседавач со Г7, ќе биде домаќин на конференција за закрепнување на Украина закажана за 25 овој месец во Берлин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img