More

    Наставниците не попуштаат, штрајкот продолжува

    spot_img

    Според тоа што го кажа првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, мали се шансите штрајкот во училиштата и во градинките да заврши денеска.

    – Тежнееме кон иста цел, но патиштата ни се различни. Секако дека сакаме што поскоро децата да се вратат на училиште и оние помалите во градинките, но сè уште чекаме на одговор од надлежните институции – вели Неделков.

    Синдикалниот лидер вели дека од надлежните институции не пристигнала никаква понуда.

    – Сакаме учениците да се вратат во училиштата, но мора да најдеме прифатливо решение. Штрајкот секаде повеќе добива во континуитет, тие кои не биле членови на нашиот синдикат сега се вклучуваат и ние сме убедени дека го правиме вистинското во интерес на членството. Задоволни сме од односот на директорите од основните и средните училишт каде немаме дојава за притисок врз штрајкувачите – потенцираше тој.

    Тој апелираше до Владата да пронајде сили да одговори позитивно на нивните барања.

    – Да понудат процент и да обезбедат средства колку што бара СОНК, во спротивно сам по себе прекин на штрајкот нема да има. Со притисоци нема да нè скршат, ние сме доволно скршени од третманот на нашето општество и ништо не може да го смени нашиот став – завршува Неделков.

    Според него, во детските градини се вршат притисоци, а министесртвото за труд и социјала наместо да се обиде да најде заедничко решение им се заканува на штрајкувачите.

    – Ќе ги повикам надлежните да вршат мониторинг за време на генералниот штрајк,  да влезат во градинките и да проверат што се случува таму за јавноста да се увери во вистинитоста на ова што го зборуваме. Доволно се едуцирани вработените во градинките и нема потреба некој од МТСП да ги потсетува какви се нивните обврски – вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img