More

    Наставниците гневни на Неделков – Спонтан собир на просветарите пред седиштето на СОНК (ВИДЕО)

    spot_img

    Поголема група наставници попладнево се собра пред седиштето на СОНК за да го покаже револтот против одлуката на лидерот Јаким Неделков за ставање на штрајкот во мирување. Порачаа дека не им се битни процентите за кои, како што рекоа, се ценка Неделеков, туку достоинството и Колективниот договор.

    -Вечерва сме спонтано собрани бидејќи господинот Неделков постојано бараше поддршка од нас и сам изјави колкав дел од синдикалите организации се за штрјакот да продолжи и денеска одеднаш се носи нова одлука за која членството не е информирано. Должен е да дојде овде и да ни објасни зошто ја промени одлуката и зошто секогаш сме на маргините на општеството и сме маргинализирани – изјавија наставници кои протестираа.

    Тие побараа Неделков да престане да ги споменува тие 18 отсто покачување за кое се „ценка“.

    – Нас не ни се битни тие 18 отсто. Наша прва работа зошто тргнавме во штрајк е донесување на нов Колективен договор – велат наставниците.

    Во однос на тоа дали утре ќе продолжи наставата, велат дека оние деца кои ќе дојдат во училиште, нема да бидат вратени.

    – Ние никогаш не ги затворивме вратите за децата. Сите оние кои не се членови на СОНК и не се во штрајк, држеа настава. Се работеше за тоа дека многу голем дел од родителите не поддржаа. Сите оние кои утре ќе дојдат во училиште ќе бидат прифатени, а Неделков да се изјасни зошто штрајкот е ставен во мирување. Ние ќе бидеме во училиште, ако дојдат деца, ќе ги примиме. Ако треба ќе држиме и настава – порачаа наставниците.

    Од СОНК изјавија дека мора да го почитуваат законот и дека доколку во текот на мирното решавање на спорот не се изнајдат соодветни решенија, повторно ќе го активираат штрајкот.

    – Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување се додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде – рече Неделков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img