More

    Наскоро ќе започне средба меѓу Лавров и Кулеба,ќе се кршат копјата за Крим и Донбаск

    spot_img

    Турција денеска е домаќин на министрите за надворешни работи на Русија и Украина на нивната прва средба од почетокот на руската инвазија на Украина.Сергеј Лавров и неговиот колега Дмитриј Кулеб беа пречекани од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталија, одморалиште популарно кај руските туристи. И Лавров и Кулеба пристигнаа во Турција во средата.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ги засилува напорите за посредување од почетокот на кризата, во средата рече дека „Турција може да разговара и со Украина и со Русија во исто време“.

    „Работиме на тоа да избегнеме претворање на кризата во трагедија“, рече тој.

    Кулеба во видеото на Фејсбук во средата рече дека ќе стори сé што е можно за да ги направи преговорите што е можно поефикасни, истовремено велејќи дека има „ограничени очекувања“.

    „Немам големи надежи, но ќе направиме се за да го извлечеме максимумот од тоа“, рече тој и додаде дека „се ќе зависи од инструкциите што Лавров ги добил пред средбата“.

    Атмосферата пред разговорите е прилично напната, а украинскиот министер неодамна за Си-Ен-Ен го нарече својот руски колега „модерен Рибентроп“, мислејќи на министерот на Хитлер во Втората светска војна.

    Патувајќи за Анталија, Лавров ја напушти Русија за прв пат од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари.

    Ставот на Турција
    Турција, членка на НАТО, е сојузник на Украина, но сака и да ги одржува односите со Русија, од кои во голема мера зависи кога станува збор за туризмот и снабдувањето со пченица и енергија.

    Преговорите во Анталија доаѓаат еден ден откако Русија во средата соопшти дека е постигнат „напредок“ во разговорите со Украина.

    Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, исто така рече дека целта на Русија не е да ја собори украинската влада.

    Сепак, аналитичарите се многу внимателни, откако двонеделната војна веќе протера два милиони Украинци надвор од границите на нивната земја.

    „Секој напор може да биде корисен, но не верувам дека треба да се очекува пробив“, изјави за Франс прес Арон Штајн, директор на програмата за Блискиот Исток во Институтот за истражување на надворешната политика.

    „За да се постигне договор, двете страни мора да бидат подготвени за болни компромиси“, предупреди Берк Есен од германскиот институт за меѓународни односи и безбедност.

    Би било навистина изненадувачки доколку Ердоган успее да ги организира разговорите во Анталија, велат аналитичарите.

    Во посредувањето се приклучија и други политичари, како францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Нема резултати, засега.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img