More

    Наскоро се укинува роамингот за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…

    spot_img

    На граѓаните од земјите од Западен Балкан, како и од ЕУ сите повици од мобилните телефони, како и користењето на интернет ќе им се наплатува по исти цени како што им се наплаќаат дома, бидејќи од оваа година треба да стапи на сила договорот за роаминг.

    Ова денеска на Твитер го објави хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ кој вели дека оваа идеја постои одамна, но сега е блиску до реализација.

     

     

    – Денеска во парламентот се одржа комисијата за европски прашања, на која државниот секретар Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори. Треба да стапи на сила – вели Главашевиќ за хрватски Индекс, додавајќи дека политичката волја за таков договор постои подолго време.

    Според Главашевиќ, во договорот треба да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, БиХ…) кои на каков било начин се вклучени во процесот на влез во Европската унија.

    – Ова е дел од една поширока идеја за пристапниот процес. На тоа се работеше додека Хрватска претседаваше со Европската унија. Идејата беше да се создаде модифициран пристапен процес, односно кога земјите ќе исполнат одредени критериуми, нивните граѓани веќе можат да уживаат во некои бенефиции уште пред да влезат во Унијата – рече Главашевиќ.

    Тој објаснува и дека ќе има заштитни клаузули кои ќе спречуваат на пример, некој од Хрватска да земе претплата во Србија и да плаќа по пониски, „дампинг цени“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img