More

    Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар со кој на менувачниците им се овозможува да купуваат евра од банките при евентуален недостиг

    spot_img

    Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар со кој на менувачниците им се овозможува да купуваат евра од банките при евентуален недостиг, иако, како што нагласуваат од централната банка, менувачниците располагаат со доволно девизи.

    „Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи“, информираа попладнево од Народната банка.

    Ваквиот чекор со кој на менувачниците им се овозможува да купуваат евра од банките произлегува од  измените и дополнувањата на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка.

    – За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката. Сепак, да нагласиме и дека според последните расположливи податоци менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба, велат од централната банка.

    Потврдуваат дека курсот на денарот е стабилен и ќе остане стабилен и дека граѓаните непотребно се исложуваат на трошоци со купување на евра. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img