More

    Наредниот петок ФЗОМ треба да одобри распишување на тендерот

    spot_img

    Добра вест за пациентите со меланом со дијагноза BRAF positive. Директорот на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, вели дека до наредниот петок Фондот за здравство ќе се изјасни за барањето за распишување тендер за лековите Cobimenitib и Vemurafenib, кои за овие пациенти значат живот.

    – Количествата на двегодишниот тендер за овие лекови се исцрпени. Во последните три месеци се соочуваме со недостиг и бараме да се распише нов тендер за набавка, во кој, се надеваме, количествата ќе се димензионираат според нараснатите потреби. Имаме информации дека Фондот за здравство ќе се изјасни до следниот петок, по што веднаш ќе распишеме тендер и потоа брзо ќе ги набавиме потребните лекови – уверува д-р Васев.

    Пациенти се пожалија во редакцијата на Плусинфо дека таблетите тешко се набавуваат од февруари годинава. Станува збор за лекови на производителот „Рош“, од кои поважен е Vemurafenib-от, кој се смета за основен лек.

    – Не е прв пат да нема недостиг на вакви лекови. А тие се од животно значење за нас, пациентите со меланом. Самите лекари советуваат терапијата да не се прекинува, зашто во спротивно болеста напредува. Порано таблетите ги примавме три месеци однапред, а сега мораме секоја недела да одиме на лекар, што за нас е и ризично и мачно. Јас, на пример, имав метастази и операција. За жал, ние пациентите немаме никакви привилегии и олеснувања. Без оглед на тоа какви интереси се во прашање и во што е проблемот, недозволено е пациентите да бидат оставени без терапија – вели пациент со дијагноза меланом, со кого разговаравме, чие име од разбирливи причини нема да го соопштиме.

    Упатените велат дека триесеттина пациенти се животно зависни од овие лекови, а ги користат и многу повеќе пациенти кај кои болеста е во почетен стадиум. Недостигот се јавил поради погрешното димензионирање на тендерот – за две години се набавени лекови колку што реално се трошат за една година. Дополнително, кон добавувачот на лекот има и ненаплатени побарувања, што сепак не е пречка да се распише новиот тендер.

    Плусинфо побара информација и од Фондот за здравствено осигурување за ова прашање. Го очекување одговорот на ФЗОМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img