More

    Напуштена седницата на Курти во парламентот

    spot_img

    Четиринаесет години од прогласувањето на независноста на денешен ден, 99 од 193 земји во Обединетите Нации го признаваат Косово. Но, во Парламентот во Пришина пратениците од трите најголеми опозициски партии ја напуштија седницата на која говореше премиерот Албин Курти, во знак на протест поради злоупотреба на собраниската говорница, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата Влада и со вообичаените обвинувања на претходните влади, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово излегоа од салата кога Курти почна да ги критикува медиумите.

    Порачувајќи дека „нема демократија без слободни и независни медиуми“, Курти рече дека некои медиуми, во критиките насочени кон него и неговата Влада, „се служат со дезинформации кои доаѓаат од странски служби“.

    Во Косово денеса со низа свечености денеска се одбележува 14-годишнината од прогласувањето на независноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img