More

    Напаѓачот кој уби 10 лица е убиен од сограѓанин, а не од полиција

    spot_img

    Црногорската обвинителка Андријана Настиќ во петокот изјави дека досегашните информации укажуваат дека напаѓачот кој уби десет лица и рани шестмина претходно во текот на денот во Цетиње, бил убиен од граѓанин, а не од полиција.

    Настиќ по истрагата во Цетиње за црногорските медиуми изјави дека девет лица биле пронајдени мртви на лице место, а едно подоцна починало во болница. Единаесеттиот фатален е напаѓачот.

    „Во Цетиње денеска беа застрелани и убиени 11 лица, заедно со убиецот, кој беше убиен од негов сограѓанин“, рече Настиќ.

    Директорот на црногорската полициска управа Зоран Брѓанин во изјава дадена за медиумите потврди дека меѓу загинатите има две деца на возраст од осум и 11 години.

    „Според засега познатите околности, денеска околу 15 часот и 30 минути триесет и четиригодишен цетињенец пукал во семејство чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина“, изјави Брѓанин. .

    „Во таа прилика, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца, едното на осум, а другото единаесет години, а ја повредил нивната мајка, која на повредите им подлегнала во медицинска установа. Потоа излегол и со истото огнено оружје пукал кон жителите на оваа населба, при што убил уште седум лица, а ранил шест“, изјави Брѓанин.

    Тој додаде дека во престрелката еден полицаец е тешко ранет.

    Црногорската влада прогласи тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње.

    Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека денешниот настан е невидена трагедија која ја погодува цела Црна Гора. Ѓукановиќ изрази искрено сочувство до семејствата на загинатите и до сите оние кои ги загубија своите најблиски. Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ претходно најави дека настанот во Цетиње е трагедија која Црна Гора не може да ја памети.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img