More

    Нант се збогуваше со македонската легенда Кирил Лазаров

    spot_img

    Најдобриот македонски ракометар во историјата, како и селектор на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, вчера за последен пат се појави пред домашната публика на Нант, а клубот приреди церемонија во чест на ракометната легенда.

    Повеќе од 6.000 навивачи го отпоздравија македонскиот бомбардер, кој на 42 години по крајот на оваа сезона ја завршува играчката кариера, а заедно со него уживаше и семејството Лазарови.

     

     

    Шпалир за великанот и стоечки овации од страна на навивачите при неговото претставување во Нант. Публиката во салата стави круни во чест на Лазаров, а него на паркетот го чекаше и кралски трон, му доделија и круна, како што му доликува.

    фото: Инстаграм

     

    Во салата на видео-бим одеа пораки од познати спортски имиња. Лино Червар, Чави Пасквал, Никола Карабатиќ…други познати ракометни стручњаци не штедеа зборови за нашиот Кире.

    Инаку Нант сигурно славеше во последниот меч од француското првенство со 32-18 против Тулуз, а Лазаров остана на клупата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img