More

    Наместо „претседателка“ на Владата за себе рече дека е „претседател“

    spot_img

    Новата претседателка на италијанската влада, контроверзната Џорџа Мелони, за себе рече дека е „претседател“ во машки род. Малиот детал од писмото кое таа го прочита при инаугурацијата во парламентот направи голем бран во медиумите. Ројтерс прашува дали ова е причина да се сомневаме во полот на Мелони?

    Машкото „ил“ наместо женското „ла“ кое го употреби Мелони сега засега не кажува многу за нејзините намери. Познато е дека таа е десничарска и дека се противи на женските квоти во одборите на парламентот. Таа тврди дека жените треба сами да се искачат на врвот во кариерата преку заслуги, па затоа назначи само шест жени за нејзиниот 24-член кабинет во петокот.

    Канцеларијата на Мелони не одговори веднаш на барањето за коментар.

    Мелони веднаш доби критики од Лаура Бодрини, поранешна претседалка на Долниот дом на пратеници која секогаш беше позната како претседалка во женски род. Според Болдрини „ниту еден колега не може да биде обврзан да го користи машкиот род“.

    Истовремено, реагираше и синдикатот на државната телевизија РАИ од каде вел велат дека женската форма (премиерка, претседателка…) треба да се користи секогаш кога постои можност за тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img