More

    Над 80 отсто излезност на референдумот во четирите украински региони

    spot_img

    Владимир Путин в петок ќе се обрати пред двата дома на рускиот парламент кога би можел да објави анексија на окупираните региони во Украина, вели британското министерство за одбрана. Таканаречените референдуми за анексија во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје завршуваат денеска.

    „Руските лидери се надеваат дека секоја најава за припојување ќе се смета за оправдување на специјалната воена операција и ќе ја консолидира патриотската поддршка за конфликтот“, се вели во новиот британски извештај.

    Излезноста на референдумот во Народна Република Доњецк по резултатите од четирите дена гласање беше 86,89 отсто, изјави Владимир Висоцки, претседател на Централната изборна комисија.

    – За четири дена излезноста беше 86,89 отсто – рече тој.

    Според него, речиси еден и пол милион луѓе гласале внатре во републиката, а повеќе од 410 илјади на избирачки места во странство.

    Според претседателот на Централната Изборна Комисија (ЦИК) на Народна Република Луганск, Елена Кравченко, излезеноста по четири дена гласање, во регионот изнесува 83,61 отсто.

    Во регионот Херсон оваа бројка изнесува 63,58 отсто од избирачкиот список, изјави Марина Захарова, шеф на локалната изборна комисија.

    Во областа Запорожје, според шефот на Локалната изборна комисија, Галина Катјушенко, одзивот, според генерализираните податоци, бил 66,43 отсто, земајќи го предвид гласањето во странство.

    Референдумите во четирите украински региони, кои не се целосно под контрола на руските сили, почнаа минатиот петок, но во првите четири дена се спроведуваа така што руските војници одеа со гласачки кутии од врата до врата. Денеска ќе се гласа лично на гласачките места, што е побарано од четири милиони луѓе во источните региони Луганск и Доњецк и јужните региони Херсон и Запорожје, кои сочинуваат 15 отсто од територијата на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img