More

    Надал : Победите против Ѓоковиќ се секогаш посебни

    spot_img

    „Натпреварите и победите против Ѓоковиќ се секогаш посебни и поради оваа вечер се уште играм и уживам во тенис“, изјави шпанскиот тенисер Рафаел Надал по победата со 6-2, 4-6, 6-2, 7-6 (4) во четвртфиналето.Ролан Гароса.

    Речиси во ноќта, во Париз заврши нов епски дуел меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Тоа беше 59. меч во кариерата на овие двајца тениски „гладијатори“ а моменталниот сооднос е 30-29 за Ѓоковиќ, со тоа што „кралот на земјата“ Надал има апсолутна надмоќ во Париз каде досега играле десет пати, а Надал сега има огромна предност од 8-2.

    „Но, ова беше само четвртфинален натпревар. Можам да славам победа против голем, најголем ривал, но имам уште два меча за да стигнам до целта што ме прави овде во Париз. Секако, како и секогаш ова беше многу емотивен дуел и ден за мене. Си дадов шанса повторно да играм на овој турнир, си дадов шанса за полуфинале и нов меч“, изјави по победата исцрпениот Шпанец.

    Надал се уште е во лов на четиринаесеттата титула на Ролан Гарос, но и 22. Грен слем титула во кариерата. Моментално има еден повеќе од Ѓоковиќ и Роџер Федерер, а на прашањето за најголемиот на сите времиња, Шпанецот повторно изјави во негов стил.

    „Знам дека сите зборуваат за најдобрите на сите времиња, собираат трофеи и донесуваат свои проценки. Но, такво нешто навистина не ми е важно. Мислам дека Роџер, Новак и јас одамна ги остваривме сите наши соништа. Секој од нас тројцата напиша по еден голем дел од тениската историја и мислам дека разликите меѓу нас се минимални. Речиси ги нема“.

    Во полуфиналето Надал ќе игра против Германецот Александар Зверев. И пред Ѓоковиќ многу се зборуваше за хроничната повреда на стапалото на Надал, а повторно овие проблеми се нагласени бидејќи Шпанецот имаше нов, исклучително тежок теренски испит.

    „Се надевам и верувам дека ќе биде добро. Реков претходно, затоа докторот е постојано покрај мене. Тој ја работи својата работа и работите кои ми помагаат. Но, сега не е време да се зборува за тоа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img