More

    Надал: Забележливо е дека напредувам

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по победата над Ван де Зандшулп и пласманот во четвртфиналето на Вимблдон истакна дека очигледно успеал да ја подигне својата игра на повисоко ниво во последните неколку натпревари.

    Шпанецот победи со 3-0, по сетови 6:4, 6:2, 7:6 (8:6) за два часа и 24 минути игра.

    „Генерално ова беше добар натпревар против тежок противник. Мислам дека Ботиќ е многу добар играч. Резултатот покажува дека направив многу работи како што треба и тоа ме прави среќен. Мислам дека 90% од натпреварот го одиграв добро“, изјави Надал.

    Запрашан како се чувствува физички во моментот, со оглед на тоа што се чини дека е се поблиску и поблиску до највисокото ниво на неговата игра, 36-годишникот рече:

    „Одам ден за ден. Овде не е секогаш исто. Не се работи за тоа колку сум блиску до највисокото ниво. Не го знам тоа и не можам да предвидам што може да се случи. Позитивно е што последните два натпревари ги одиграв на многу високо ниво, бидејќи првите два не беа најдобри. Денеска одржав високо ниво на игра и среќен сум поради тоа. Тоа ми дава утре дополнително да усовршам одредени сегменти во тренинзите за да продолжам понатаму. Сигурно е дека мојот напредок во текот на првата недела е забележлив. Среќен сум што сум во четврт-финалето бидејќи не сум се натпреварувал овде три години. Резултатот е позитивен за мене и среќен сум поради тоа“.

    Следен противник му е Тејлор Фриц, кој последен пат го победи во финалето на Индијан Велс, кога Шпанецот имаше болки, по што се испостави дека се здобил со скршеница на реброто.

    „Не научив ништо на нашиот последен натпревар бидејќи имав повреда на реброто. Во споредба со тоа, беше тешко да се научи нешто бидејќи имав ужасни болки на тој натпревар. Не знаевме дека станува збор за скршеница на реброто, но чувствував за време на натпреварот дека нешто не е во ред. Тој очигледно игра на многу високо ниво, има одлична сезона и победува насекаде. Турнирот го освои пред Вимблдон, а сега е во четвртфиналето. Тој веќе достигна многу висока позиција во оваа трка. Тој е во привилегирана позиција. Ќе биде тежок четвртфинален натпревар против голем противник. Од друга страна и двајцата сме во четврт-финале, не може да се очекува лесен противник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img