More

    Навистина редок и доста симпатичен момент се случи на трката „Тур оф Словенија“ во која победникот беше одлучен на необичен начин

    spot_img

    Навистина редок и доста симпатичен момент се случи на трката „Тур оф Словенија“ во која победникот беше одлучен на необичен начин.

    Актуелниот шампион на „Тур д Франс“, Тадеј Погачар имаше блага предност пред својот тимски колега Рафал Мајка, но на крајот се реши да му ја „подари“ победата на полскиот велосипедист така што пред самиот крај склучија доста интересен договор.

    Имено, двајцата беа оддалечени доста од групата која ги следеше, па можеа да се договорат на кој начин ќе биде избран победникот.

    Погачар и Мајка на крајот одлучија да одиграат партија „лист-камен-ножици“ по која беше познато кој прв ќе ја мине целта.

    Мајка го победи својот конкурент во безвременската игра, и на крајот се радуваше на победа на трката која се вози низ улиците на Словенија.

    Инаку, вчера Погачар победи на последната етапа во директниот дуел со словенецот Матеј Мохориќ, со што го запечати првото место во генералниот пласман на „Тур оф Словенија“, каде на краjот имаше предност од 12 секунди во однос на тимскиот колега Рафаел Мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img