More

    Навивачите на Лапорта загрижени со изјавата: Најголемиот талент не сака да го продолжи договорот

    spot_img

    Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта донесе прилично вознемирувачки вести за навивачите на каталонскиот клуб.

    17-годишниот Гави се уште нема потпишано нов договор со нив, се е блокирано од неговиот агент.

    „Не можеме да разбереме зошто агентот на Гави сака да го одложи продолжувањето на соработката со клубот. Сè уште го чекаме“, рече Лапорта и додаде:

    „Гави има само 17 години и ја претставува сегашноста и иднината на клубот. Не разбирам зошто агентот го одолговлекува потписот. Платата што ја понудивме е многу прифатлива. Нема да му понудиме повеќе бидејќи не сакам Барселона да оди онака како што тргнаа нејзините претходници. Финансиски го уништија. Би му рекол на агентот да ги прифати нашите услови што е можно поскоро затоа што треба да планираме за следната сезона“.

    Тој го коментираше и крајот на сезоната.

    „Јас сум само среќен и разочаран. Разочаран сум затоа што не можете да изгубите на Камп Ноу од Кадиз, Реј и Виљареал. Свесен сум за повредите, но тоа е недозволиво. Разочаран сум од односот на тимот, тоа е големо разочарување за мене“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img