More

    Навални повикува на големи протести в недела

    spot_img

    Најостриот критичар на Кремљ, Алексеј Навални повика на антивоени протести во Москва и другите градови в недела.

    „Лудиот манијак Путин мора многу брзо да биде запрен од народот на Русија сега ако се спротивставиме на војната“, се вели во пораката на Инстаграм профилот на Навални.

     

     

    „Треба да одите на антивоени собири секој викенд, дури и ако се чини дека сите или заминале или се исплашиле…Вие сте столбот на движењето против војната и смртта“, се додава во пораката.

    ОВД Инфо тврди дека од почетокот на војната, 13.908 луѓе се приведени на антивоени демонстрации во Русија.

    Навални заврши зад решетки минатата година, кога се врати во Русија, по медицинскиот третман во Германија. Ова следуваше по нападот со отров за време на посетата во Сибир во 2020 година. Руските власти негираа дека извршиле таков напад.

    Преку адвокати и сојузници, Навални објавува ставови на социјалните медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img