More

    Навални осуден на девет години затвор

    spot_img

    Најистакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални беше осуден на девет години затвор откако беше прогласен за виновен за проневера на пари и непочитување на судот. Според пресудата, Навални ќе ја отслужи последната од низата казни на кои беше осуден во затвор со максимално ниво на безбедност.

    Рускиот суд го прогласи Навални за виновен за проневера на пари. Станува збор за бројка од 4,7 милиони долари донации дадени на неговата сега забранета антикорупциска фондација.

    Во изрекувањето на пресудата, судијката Маргарита Котова рече дека Навални извршил „кражба на имот од организираната група“.

    Навални беше прогласен за виновен и за непочитување на судот.

    Неговите поддржувачи и колеги тврдат дека целиот случај е монтиран.

    Да потсетиме, Навални веќе се наоѓа во казнена колонија источно од Москва, каде издржува затворска казна од 2,5 години, на која претходно беше осуден.

    Навални беше уапсен по враќањето од Берлин, каде неколку недели се лекуваше поради труење, за што го обвинуваше официјален Кремљ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img