More

    МФ: Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас

    spot_img

    Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата. Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

    Со овој Закон, смета Бесими, се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста.

    Според министерот значајна поддршка на домашните компании и индустрија за намалување на трошоците на производство дополнително се прави и со укинување на царинската стапка за природен гас, што е предвидено со ова законско решение. Истовремено, во услови на енергетска криза, со законот, се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваа.

    Со намалувањето на царинските стапки на суровини или репроматеријали кои се користат во технолошко напредното производство,  исто така директно  ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020  и 2021 година забележаа сериозен пад во индустриското производство.

    Во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија, намалувањето на царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали ќе ги олесни условите за работење на овие компании и ќе овозможи да се зголеми нивната конкурентност на пазарот.

    Со Законот опфатени се суровини и производи кои не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската унија.  Со намалувањето на увозните давачки – царинските стапки  на ниво од ЕУ,  висината ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската унија,  што значи ќе се овозможи да се подобри конкурентноста на домашните компании и ќе има поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.

    Со донесување на овој Закон се реализира Програмата на Влада, како и Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на COVID-19, која се однесува на тоа да се намалат царинските стапки на ниво на Европската унија за најприоритетните стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во преработувачка индустрија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img