More

    Мурињо и Рома доживеаја дебакл

    spot_img

    Во натпреварот од петтото коло на италијанското фудбалско првенство, Удинезе ја победи Рома со 4-0, нанесувајќи му го првиот сезонски пораз на римскиот клуб.

    Избраниците на Жозе Мурињо имаа шанса со победа да го преземат врвот на табелата, но наместо да освојат бодови, претрпеа тежок пораз.

    Домашните поведоа уште во петтата минута со голот на Дестини Удоги. На 2-0 зголеми Лазар Самарџиќ во 56-та минута, Роберто Перејра во 75-та погоди за 3-0, а конечните 4-0 ги постигна Санди Ловриќ во 82-та минута.

    Во претходниот натпревар Специја и Болоња ремизираа 2-2.

    Гостите поведоа со 1-0, Специја го сврте резултатот, па Болоња сепак дојде до бод. Симоне Бастони (45+2) и Џерди Шутен (54-аг) погодија за Специја, додека Марко Арнаутовиќ (6, 64) ги постигна двата гола за гостите.

    Хрватскиот фудбалер Никола Моро го одигра првото полувреме за Болоња.

    Специја е 13-та со пет бода, додека Болоња која и натаму е без победа е на 15-та позиција со три бода.

    Верона ја победи Сампдорија со 2-1 за прва победа сезонава.

    Се што е важно се случи во последните пет минути од првиот дел. Гостите поведоа во 40. минута со голот на Франческо Капуто, во 44. израмни Емил Аудеро погодувајќи ја сопствената мрежа, а во третата минута од судиското надополнување Џош Доиг ја доведе Верона во водство. Немаше повеќе голови во остатокот од натпреварот.

    На првата средба во неделата Кремонезе и Сасуоло одиграа без гол. Кремонезе поведе во 34. минута кога постигна гол Сириел Десерс, но тој гол беше поништен поради офсајд.

    Благодарение на ова реми, Кремонезе го освои првиот бод и сега е 19-ти во поредокот. Сасуоло е 11-ти со шест бода.

    За понеделник се закажани уште три натпревари, Монца – Аталанта, Салернитана – Емполи и Торино – Лече.

    Во поредокот водат Наполи и Милан со по 11 бодови, а Аталанта, Удинезе и Рома имаат по 10 бодови, но тимот од Бергамо има натпревар помалку.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img