More

    Москва тврди дека убила 600 војници во Краматорск, но траги од нив уште нема

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убило повеќе од 600 украински војници во масовен ракетен напад врз две згради во источна Украина во кои привремено се сместени украинските сили, пренесува Ројтерс. На социјалните мрежи се појавуваат слики од една од зградите, но на нив не се гледаат траги од жртви. Истовремено, репотери на Ројтерс изјавиле дека не виделе жртви во двата објекти.

    Руското министерство во прогласот објаснува дека нападот врз зградите во Краматорск бил одмазда за смртоносниот украински напад на почетокот на оваа година врз руската касарна во Макиивка во регионот Доњецк која беша контролиран од московските сили. Во нападот загинаа најмалку 89 војници.

    Засега нема коментар за руското тврдење од Украина, иако градоначалникот на Краматорск, претходно во неделата на Фејсбук изјави дека никој не е убиен во нападот.

    Министерството во соопштението рече дека користело, како што го нарече, доверливо разузнавање за да ги таргетира украинските војници. Се наведува дека повеќе од 700 украински војници биле сместени во еден хостел, а повеќе од 600 во друг.

    „Како резултат на масовен ракетен напад на овие привремени места за распоредување на единиците на украинската армија, беа уништени повеќе од 600 украински војници“, соопшти од руското МО.

    Ако руските бројки се точни, тоа ќе биде најголемата загуба на украински војници во еден ден, откако Русија изврши инвазија врз земјата на 24 февруари минатата година.

    Новинарите на Ројтерс ги посетиле двата студентски домови за кои зборува руското МО. Според Ројтерс, се чини дека ниту еден од нив не бил директно погоден со проектили или сериозно оштетен. Немало очигледни знаци дека војниците живееле таму, ниту траги од тела или траги од крв.

    Искршени билче некои од прозорците на хостелот бр. 47, кој стоел покрај дворот во кој имало голем кратер. Другата зграда именувана од руското Министерство за одбрана, хостелот бр. 28, според изворите на Ројтерс, била целосно недопрена. Кратерот од ударот од ракетите бил на околу 50 метри, поблиску до некои гаражи отколку до самата зграда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img