More

    Момчето извлечено од урнатините на погодената зграда во Миколаив, почина во болница

    spot_img

    Единаесетгодишно момче, кое спасувачите го извлекоа од урнатините на станбена зграда уништена од руски проектили во Миколаев, почина во болница, јавува украинската агенција. Укринформ.

    Како што е наведено, оваа вест на Телеграм ја сподели шефот на воената администрација на Миколаив, Виталиј Ким.

    „Момчето, кое беше извлечено од урнатините, почина. Тој бил однесен во регионална болница каде што престанало да му чука срцето. Нема зборови!!! Чудовишта, терористи“, напиша Ким.

    Како што беше соопштено, во градот Миколаев спасувачите извлекле тела на четири лица, а од урнатините успеале да извлечат заглавено и повредено 11-годишно момче. Станбената зграда во која живеел синоќа била погодена од непријателски проектил, а можно е да има уште луѓе под урнатините, наведува украинската агенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img